
Вардар и Шкендија одиграа 1-1 и поделија по бод во дерби-натпреварот од 24.коло во Првата фудбалска лига. Дуелот се одигра на стадионот на ФФМ, а двете екипи имаа свои шанси и за триумф. Сепак, се чини дека ремито е најреалниот епилог.
Решат Рамадани ја доведе Шкендија во водство во 21.минута, кога упати силен и прецизен удар од 25 метри и го совлада Давор Талески. Неговиот проектил беше незадржлив за голманот на Вардар.
Четири минути подоцна возврати Вардар. По одбиената топка од голманот Амзаи, најдобро се снајде Едиз Спахиу, кој со волеј-удар ја затресе мрежата на Шкендија и го израмни резултатот.
Во вториот дел, Аденис Шала имаше шанса да донесе нова предност за Шкендија, но Пинтер во последен момент со лизгачки старт ја расчисти опасноста.

На спротивната страна, Михаил Талевски шутираше од 20 метри, но директно во голманот Амзаи.
По ова реми, Шкендија со 50 бода се зацврсти на врвот на табелата, додека Вардар е осмопласиран со 22 бода.
Останатите натпревари од 24.коло се играат утре, со почеток во 15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез
