
Легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар (52) останува на интензивна нега на клиниката во Сплит. Тој вчера итно со хеликоптер беше доведен од островот Хвар поради крварење во мозокот.
Лекарите по еден ден не го пуштаат дома, ќе мора да остане на интензивна нега.
„Едвин ван дер Сар останува на интензивна нега до понатамошна одлука. Неговата состојба е стабилна, но загрижувачка. Ајакс ја споделува информацијата во име на неговата сопруга Анамари ван дер Сар. Семејството Ван дер Сар е благодарно и длабоко трогнато од сите пораки на поддршка“, објави Ајакс.
Ван дер Сар беше еден од најдобрите светски голмани во својата ера, а по завршување на кариерата се определи да работи како спортски директор. На крајот на мај ја напушти директорската позиција во Ајакс. На таа позиција во својот матичен клуб помина 11 години, а си замина две години пред истекот на договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
