Connect with us

Ван Дајк ги критикуваше фановите на Кристал Палас за искажаната непочит кон Диого Жота

Вирџил ван Дајк упати критики кон дел од навивачите на Кристал Палас, кои го нарушија молкот во чест на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва пред почетокот на мечот за Комјунити Шилд на „Вембли“.

Иако поголемиот дел од присутните од таборот на Палас стоеја во тишина и со почит, мала група почна да скандира. Други нивни навивачи се обидоа да ги смират, додека од спротивната страна на стадионот, фановите на Ливерпул реагираа со свирежи, пред судијата да ја заврши минутата молк.

„Разочаран сум, тоа е сè што можам да кажам. Не знам кој беше, но имаше многу луѓе кои се обидоа да го потиснат тоа, сепак не успеаја. Колку имаше, 80.000 гледачи? Жалосно е да се слушне такво нешто, но ако тие луѓе можат да си одат дома горди и среќни, тогаш…“, изјави видно разочараниот Ван Дајк.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови