Connect with us

Ван Бронкхорст: Дојдовме во Севилја да го освоиме трофејот од Лига Европа

Менаџерот на Глазгов Ренџерс, Џовани Ван Бронкхорст, изјави дека неговиот тим е подготвен да одигра 120 минути или да изведува пенали доколку е потребно, само да го осви пехарот во Лигата на Европа. Утре во Севилја шкотскиот тим ќе се соочи со Ајнтрахт во финалето на Лига Европа.


„Многу сум горд што сум менаџер на овој тим и уште повеќе сум горд што ги водам момците до финалето. Ова е одлична можност да дојдеме до вториот голем европски трофеј во клупската историја. Финалето е секогаш добра работа кога победувате, но нема убави спомени ако изгубите. Тука сме да победиме“, изјави Ван Бронкхорст.

Тој смета дека Ајнтрахт Франкфурт е одличен тим и ќе биде голем ривал во финалната пресметка.

„Ајнтрахт одигра одлични натпревари против Барселона и Вест Хем и заслужува да биде тука. Во финалето се две екипи со голема историја и огромна база на верни навивачи. Поинаку е кога ќе го видите интересот на медиумите, но мораме да се погрижиме да бидеме фокусирани на натпреварот. Големите натпревари се придружени со тензија, но тоа е дел од секој спорт на највисоко ниво. Расположението во тимот е одлично, возбудени сме што ќе играме во финалето. Мислам дека сме добро подготвени. Нашите навивачи ќе бидат важен фактор, ќе ги слушнете утре“, додаде Холанѓанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови