 
																												
														
														
													Федерико Валверде е фудбалерот со најмногу одиграни минути во текот на минатата сезона во Европа. Играчот за врска на Реал Мадрид учествувал на 72 натпревари за „кралскиот клуб“ и за репрезентацијата на Уругвај, при што поминал вкупно 6.116 минути на теренот.
На второто место на листата е Бруно Фернандеш. Играчот на Манчестер Јунајтед и португалската репрезентација има 5.796 минути во 66 натпревари. Трет е голманот на Милан и француската репрезентација, Мајк Мењан, со 5.624 минути во 63 меча.
Во топ 5 се вклучени и Џошуа Кимих (Баерн Минхен и Германија) со 5.529 минути во 64 натпревари и Јошко Гвардиол (Манчестер Сити и Хрватска) со 5.459 минути во исто така 64 натпревари.
Од редовите на европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен, најмногу минути на терен поминал дефанзивецот Ашраф Хакими, 5.260 минути во 62 натпревари.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														