Францускиот репрезентативец Дајот Упамекано со пофални зборови зборуваше за Англија во пресрет на четвртфиналната пресметка на Светското првенство во Катар. Тој вели дека се уште нема конкретни задачи, но сигурно ќе ги добие од селекторот Дешамп, како и од капитенот Хуго Лорис.
„Дали Лорис ми даде совет за Кејн? Не, се уште не. Но, ќе разговараме, сигурно. Тие се соиграчи. Го познавам Кејн, знам како игра. Ќе бидеме внимателни и подготвени. Но, јасно е се, тие се фудбалери од светска класа. Имавме доволно време да се одмориме и да се подготвиме за овој натпревар“, изјави Упамекано.
Франција и Англија ќе играат в сабота во 20 часот, на стадионот „Ал Бајт“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













