Кингсли Коман не признава ништо друго освен титулата. За девет сезони на професионален фудбал, тој освои десет титули национален шампион со три различни клуба.
Одличниот Французин, кој има 24 години, беше шампион со својот матичен клуб Пари Сен Жермен во сезоните 2012/13 и 2013/2014, иако неговиот придонес за тие трофеи беше исклучително мал. Овој тренд продолжи и кога тој се пресели во Јувентус во 2014 година. Тој славеше со италијанскиот великан во сезоната 2014/15, и одигра еден дел од сезоната 2015/16. Од Торино замина на позајмица во Баерн, па во таа 2015/16 стигна до пехар со двата клуба.
Коман остана во редовите на баварците, кои го откупија неговиот договор и освоија уште пет титули национални шампиони.
Покрај трофеите во националните шампионати, Коман го освои и трофејот во Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Тој беше стрелец на решавачкиот гол за Баерн Минхен во финалето против ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













