Францускиот шампион Пари Сен Жермен се соочува со потенцијални санкции од УЕФА поради долгот кон поранешниот напаѓач Килијан Мбапе, објави весникот „Л’Екип“.
Според информациите, на 20 декември адвокатите на Мбапе поднеле жалба до Апелациската комисија на Француската фудбалска федерација, барајќи санкции за парижани.
Според правилникот на УЕФА, ПСЖ е обврзан да достави доказ дека нема финансиски долгови најдоцна до 15 јануари. Доколку не го стори тоа, клубот може да биде казнет.
Претходно беше објавено дека ПСЖ му должи на Мбапе 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси.
Мбапе го напушти клубот како слободен играч минатото лето и потпиша договор со Реал Мадрид. Тој играше за ПСЖ од 2017 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













