
Европската фудбалска организација (УЕФА) ќе започне истрага против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА со создавање на Суперлигата. Овие три европски великани се единствените што останаа против УЕФА и тие се уште се активни да формираат Европска Суперлига во која би учествувале најбогатите клубови во Европа.
„Одметниците“ останаа сами против сите во борбата за Суперлигата, а тоа може да ги чини строги казни. УЕФА најави започнување истрага.
„УЕФА назначи етички и дисциплински инспектори да спроведат истрага за потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА од страна на Реал Мадрид, Барселона и на Јувентус во врска со таканаречениот проект за Суперлигата“, соопшти УЕФА.
По истрагата, ќе биде донесена конечна одлука за казните за овие клубови и тие би можеле да бидат огромни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
