
Клубовите и репрезентациите на Белорусија ќе мора да ги играат сите домашни натпревари во натпреварувањата на УЕФА на неутрален терен без публика, објави управното тело на Европската фудбалска организација.
„Извршниот одбор на УЕФА се состана и одлучи дека сите белоруски клубови и репрезентации кои се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА ќе мора да ги играат своите домашни натпревари на неутрален терен, почнувајќи од денес“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, нема да има публика на натпреварите на кои белоруските екипи ќе играат како домаќини.
ФИФА и УЕФА веќе ги суспендираа руските репрезентации и клубови од меѓународниот фудбал до дополнително известување поради инвазијата над Украина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа

Втора лига
Каланоски го засили второлигашот Охрид
