Connect with us

УЕФА и „Франс Фудбал“ во иднина заеднички ќе ја доделуваат „Златната топка“

Почнувајќи од следната година, најпрестижната фудбалска награда, „Златната топка“, заеднички ќе ја доделуваат УЕФА и групацјата Амаури, која ги претставува неделникот „Франс Фудбал“ и дневниот весник „Л’Екип“. УЕФА и групата Амаури, креаторот на „Златната топка“, потпишаа договор за партнерство за коорганизирање на наградата од следната година.


Договорот за соработка е постигнат седум години по раскинувањето на претходната соработка меѓу француските организатори и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Групата Амаури ќе остане мнозински сопственик на „Златната топка“ и ќе продолжи да го надгледува гласањето, а ќе бидат додадени и две категории – за најдобар тренер и женски тренер на годината.

Церемонијата на доделување на оваа престижна награда се одржа во Париз, но групацијата Амаури денеска соопшти дека постои можност во иднина да се организира и во други европски градови.

„Тоа е средба на двата најдобри бренда во фудбалот. Од една страна „Златната топка“, а од друга УЕФА која го има најдоброто натпреварување во светот. Затоа беше логично да направиме нешто заедно. Сите играчи сонуваат да го освојат натпреварувањето на УЕФА и Златната топка“, изјави првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Договорот исто така значи дека УЕФА ќе ја укине наградата за играч на годината што се доделува во август, но ќе додели награди за играч на сезоната за секое од своите клупски натпреварувања.

Последната „Златна топка“ беше доделена во понеделникот и по осми пат му припадна на Аргентинецот Лионел Меси, додека Аитана Бонмати првпат ја освои во женска конкуренција.
Списанието „Франс Фудбал“ ја создаде „Златната топка“, која првпат беше доделена во 1956 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови