УЕФА и нејзиниот партнер, Фондацијата за деца на УЕФА, направија првична донација од 200.000 евра за поддршка на огромната хуманитарна операција за помош на жртвите од двата разорни земјотреси минатиот понеделник во Турција и Сирија.
УЕФА направи донација од 150.000 евра за Турската фудбалска федерација (ТФФ), додека Фондацијата посвети 50.000 евра за организацијата Бонјан и Тиафи (Тим на меѓународна помош за интеграција), две невладини организации кои работат на првите линии на катастрофата во јужна Турција и Сирија.
Управното тело на европскиот фудбал, исто така, ги координира напорите на своите здруженија членки да придонесат во заедничкиот фонд за помош при катастрофи на Фондацијата УЕФА и УЕФА. Тука својата улога ја има и ФФМ.
„УЕФА ја дава оваа првична донација за да помогне во непосредниот хуманитарен одговор на оваа ужасна трагедија“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
„Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите здруженија членки за нивната брза и сочувствителна реакција и поддршка понудена на погодените од овој ужасен настан.
УЕФА, исто така, истражува организација на дополнителни активности за собирање средства за време на последната недела од Лигата на шампионите оваа сезона, која ќе се одржи во Истанбул во јуни. Дополнителни детали ќе бидат објавени во наредните недели.
Во продолжение на поддршката на европскиот фудбал за Турција и Сирија, УЕФА, исто така, објави дека ќе се оддаде едноминутно молчење пред почетокот на сите натпревари од европските натпреварувања следната недела во почит за жртвите од земјотресите.
До денес, земјотресите од 6 февруари однесоа повеќе од 20.000 животи и оставија десетици илјади луѓе без засолниште на ниските зимски температури.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal