Макфудбал во Вадуц
УЕФА го одобри барањето на Фудбалската федерација на Македонија за оддавање почит на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани.
Нашите фудбалери ќе излезат на загревање облечени во црни маички со посвета за настраданите на кои ќе стои натпис „Кочани“. Натпреварот ќе започне со минута молк во знак на почит кон настраданите.
За време на целиот меч, македонските фудбалери ќе носат црн флор.
„Многу е тешко воопшто да се зборува за огромната трагедија. Сакам уште еднаш да го изразам нашето сочувство во името на целата репрезентација, и би сакал да се насочиме кон фудбалот“, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













