
Реал Мадрид пред себе има напорен и тежок распоред, а Карло Анчелоти доби одлични вести пред да продолжи сезоната.
Давид Алаба и Арда Ѓулер се опоравија од повредите и се вратија на тренинзите.
Австриецот најверојатно ќе биде подготвен за дербито со Севилја во сабота, додека лекарскиот тим не сака да брза со Ѓулер, кој веќе еднаш ја обнови повредата.
Враќањето на Алаба е клучната вест за Анчелоти, бидејќи Едер Милитао ја заврши сезоната, а по Севилја гостува и во Барселона.
Освен споменатиот Милитао, надвор од терените е уште е и Тибо Куртоа, кој исто така нема да игра до крајот на сезоната.
Реал Мадрид е лидер во табелата во Ла Лига со три бода повеќе од Барселона, на која и гостува на 28 октомври, додека дуелот со Севилја е закажан за в сабота од 18.30 часот на „Рамон Санчез Пижуан“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
