
Фудбалерите на Ливерпул се подготвуваат за финалето на Лигата на шампионите, а Јирген Клоп денеска доби добри вести. Играчот од средниот ред Фабињо го одработи тренингот и е целосно подготвен за саботниот натпревар.
Бразилецот беше во аут две недели, Клоп не сакаше ништо да ризикува во последното коло од Премиер – лигата, за да го има подготвен за финалната пресметка против Реал Мадрид.
Со полесни повреди за краток период се здобија и Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, но тие подготвени за големиот дуел. Останува само Тијаго Алкантара кој ќе биде во трка со времето, а во моментов поголеми се шансите да не игра во финалето.
Натпреварот Ливерпул – Реал Мадрид е на програмата в сабота од 21 часот на „Сент Дени“ во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski