Еден од најдобрите светски напаѓачи, норвешкиот фудбалски репрезентативец Ерлинг Халанд е подготвен да се врати на терените по пет недели отсуство поради повреда на бутниот мускул. Тој ќе биде со тимот на Борусија Дортмунд на гостувањето против Волфсбург.
„Ерлинг ќе биде во автобусот со нас. Тој покажа видлив напредок во последните неколку дена. Се чувствува добро, но најмногу што можете да очекувате е негов краток престој на теренот“, најави тренерот Марко Росе.
Последен пат Халанд играше на 19 октомври во поразот на Борусија на гостувањето кај Ајакс (0-4). Дотогаш на шест настапи во Бундес – лигата и еден во Лигата на шампионите постигна девет гола. Без Норвежанецот во тимот, Борусија Дортмунд доживеа уште два порази во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство оствари три победи и еден пораз.
„Тој патува во Волфсбург со можност да добие неколку минути, а доколку следната недела оди добро, секако дека ќе биде подготвен за игра“, потенцира тренерот на Борусија Дортмунд, кој нема да може да смета на повредениот англиски репрезентативец Џуд Белингам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













