Connect with us

Убава вест: На Европско во Романија со негативен ПЦР – тест кој ќе биде валиден за целиот престој

Македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт.

Она што беше од суштинско значење за нас – правилото од три дена, согласно кое при престој во Романија, македонските државјани требаше да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа, е поништено и веќе не е валидно.

УЕФА денеска и официјално ја почна онлајн продажбата на билетите за натпреварите на Македонија на претстојното Европско првенство. Од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) информираат дека од 17 мај до 26 мај, до 14:00 часот, македонските навивачи ќе може да аплицираат за да купат билет.

ФФМ ќе обезбеди пристапни кодови за навивачите на веб-сајтот за влезници во УЕФА, кои претходно контактирале со федерацијата за продажба на билети. Билетите ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови