Македонската репрезентација до 21 година во Подгорица се подготвува за натпреварот против Црна Гора од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7-1 против Фарски Острови од отворањето на квалификацискиот циклус, нашата репрезентација се надева дека победничката низа ќе продолжи и по натпреварот на „ДГ“ арена во главниот град на Црна Гора. Дуелот со Црна Гора се игра на 10. октомври во 17 часот.
Капитенот Јани Атанасов вели дека овој дуел мора да се сфати максимално сериозно доколку сакаме позитивен резултат.
„Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Најважно е што сите сме здрави, нема повредени и максимално сме посветени на тренинзите и исполнувањето на задачите од стручниот штаб. Би било идеално доколку со победа на гостински терен ги продолжиме квалификациите и ќе дадеме сѐ од себе тоа да го постигнеме. Треба да покажеме карактер и да го искористиме секој момент што како шанса ќе ни се укаже. Црна Гора е квалитетна репрезентација, доволно се познаваме, јасно ни е дека на домашен со ниту една селекција не е лесно, но ние имаме цел да победиме и се надевам дека тимски во тоа и ќе успееме“ – вели Јани Атанасов.
Слично е размислувањето и на офанзивецот Дарко Чурлинов…
„Напорно се подготвуваме за двата натпревари кои ни следуваат, а посебно за дуелот со Црна Гора кој не очекува в четврток. Противникот е квалитетен, но сметам дека не е посилен од македонската репрезентација. Треба да одиграме „машки“ и многу фокусирано на секој дел од теренот. Иако отворивме во квалификациите со убедлива победа, сепак, имавме некои грешки и на тој натпревар што против Црна Гора не смееме да ги повториме. Битно е да одиграме како тим и сите заеднички да придонесеме во играта за да успееме да запишеме три бода“ – истакнува Дарко Чурлинов.
Денеска македонската репрезентација ќе тренира од 16 часот, а официјалниот тренинг е утре од 17 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski