Connect with us

Тухел се „лечел“ со чоколадо после поразот од Реал Мадрид

Челси доживеа убедливо пораз (1-3) на „Стемфорд Бриџ“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тоа беше голем удар за сите во клубот, а особено за менаџерот Томас Тухел.


Во пресрет на денешниот дуел со Саутемптон во Премиер – лигата, германскиот стручњак имаше неколку непроспиени ноќи, а изел и многу чоколадо.

„Седев во собата цела ноќ и јадев многу чоколадо за да можам повторно да го поминам целиот натпревар и да го неутрализирам стресот. Го гледав видеото од мечот и на секоја грешка, одев во кујната да донесам уште чоколадо. Верувам дека ќе бидеме многу подобри веќе против Саутемптон“, изјави Томас Тухел.

Европскиот првак Челси денеска го очекува гостување на стадионот „Сент Мери“, а три дена подоцна и гостување на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови