
Томас Тухел подготвува големи промени во соблекувалната на Баерн, пренесуваат германските медиуми. Од тимот на германскиот шампион летово би требало да си заминат дури седуммина играчи. Првото име на списокот за е Садио Мане. Тухел му кажа на раководството дека не смета на 31-годишниот Сенегалец, па се очекува Мане да биде продаден.
Истото важи и за Лирој Сане и за Серж Гнабри. На Тухел не му требаат и е подготвен да ги пушти да го напуштат клубот за да ги заработи парите потребни за финансирање на дојдовните трансфери.
Четвртото име на листата е десниот бек Боуна Сар. Играчот кој е познат како најголемиот неуспех на Хасан Салихамиџиќ, слободно може да бара нов клуб.
Вратата му е покажана и на голманот Александар Нубел. Тој не сака да биде замена за Мануел Нојер или Јан Зомер, па беше позајмен во Монако, а летово би можел да направи перманентен трансфер некаде каде што ќе има редовна минутажа. Извесно е заминувањето од клубот и за Марсело Сабицер. Последен на списокот е Бењамин Павар кој си заминува затоа што е незадоволен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski