
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, ги пофали своите играчи за настапот на дербито со Борусија Дортмунд. Баварците победија со 0-4 на „Сигнал Идуна Парк“, а тренерот верува дека тоа се најдобрите 90 минути за неговиот тим од почетокот на сезоната.
„Тоа беа нашите најсилни 90 минути од почетокот на сезоната. Досега имаме две ремија – против Баер Леверкузен и против Лајпциг. Не можеме да се потпреме на истите играчи во одбраната, правиме промена на голот на сред сезона… Исто така, водиме во нашата група во Лигата на шампионите, па сега е време да се фокусираме на првенството. За тим кој не покажува развој и има лоша комуникација меѓу тренерот и играчите, мислам дека ни оди прилично добро“, се пошегува Тухел за критиките кои ги добиваше неодамна.
„Го покажавме тоа што секогаш го правиме. Играме според нашите стандарди, на наше ниво. Одлично се снајдовме против Борусија Дортмунд, задоволен сум од тимот. Одигравме одличен натпревар, се обидувавме да создадеме што е можно повеќе шанси за гол. По еден таков натпревар со Сарбрикен, важно беше да се покаже вистинската реакција. Покажавме дека сме свесни за важноста на овој натпревар. Останавме мирни до самиот крај. Сепак, сѐ уште боли испаѓањето од Купот. Со реакцијата што ја покажавме во Дортмунд може да се види дека тимот е на вистинскиот пат“, додаде стратегот на Баерн Минхен.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рома ќе мора без Дибала на наредните два меча

Интернационалци
Дени Илиев заминува од Хелсинки

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Евро-фудбал
Ливерпул си бендиса напаѓач на Хофенхајм

Прва лига
Почина поранешен фудбалер на Шкендија

Прва лига
Бојан Круљ е новиот тренер на Брера

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Евро-фудбал
Артета бесен на судењето: „Јасно и очигледно“

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид подобар од Алмерија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)
