Роман Абрамович објави дека го продава европскиот и светски клуб првак Челси. Поради огромниот притисок од јавноста во Велика Британија, а поради тоа што го сметаат за близок до рускиот претседател Владимир Путин, тој ќе се повлече од англискиот клуб.
Најуспешните години тимот од „Стемфорд бриџ“ ги имаше токму откако рускиот тајкун го презеде раководењето. За менаџерот Томас Тухел ова е огромна промена.
„Прерано е да се зборува, но не можам да си го замислам Челси без Абрамович. Уште не сме свесни дека навистина си заминува, секако дека станува збор за огромна промена. Не разговаравме за тоа пред натпреварот против Лутон, меѓутоа денеска фудбалерите имаат интернет и следат се што се случува. Некои фудбалери можеби беа позагрижени, но на крајот останавме фокусирани. Ова секако се големи вести, меѓутоа не сум човек кој се плаши од промени“, изјави Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид













