
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го игра вториот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Предизвикот за момците на Благоја Милевски е многу посериозен од првиот меч против Малта кој го добија со 2-1. На арената во Скопје гостува селекцијата на Украина, предводена од Јармоленко, Мудрик, Зинченко, Циганков…
Цврста одбрана е клучот за секој успех, ако не дозволиме многу работа за Столе Димитриевски, тогаш надежите за победа се зголемуваат. Тоа го потврдува и дефанзивецот Висар Муслиу.
„Познати ни се квалитетите на Украина, игравме со нив на Европското првенство. Загубивме, но се држевме добро, а сега не смееме да си дозволиме ниту најмал пад на концентрацијата, затоа што знаеме дека тоа може да биде кобно“, вели Висар Муслиу.
Има Македонија свои адути и во офанзивниот дел. Миовски и Чурлинов поради здравствени проблеми овојпат не се дел од националниот тим, но Милевски ќе се фокусира на искуството. Тука се Несторовски, Трајковски, и секако Елиф Елмас, кој е во полн налет откако со Наполи ја освои шампионската титула во Серија А.
„Имаме и ние супер квалитет, Елмас, Нестор, Езгјан, Енис…Се надевам дека ќе ги пробиеме Украинците. Ќе ни биде потребна поддршка и од публиката“, порачува Муслиу.
Повеќе од 20.000 фанови се очекуваат вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Ќе биде тоа силен ветар во грб за нашите фудбалери.
Силна е Украина, ама не е и непобедлива.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
