
Вардар ја оствари петтата победа оваа сезона во Првата лига откако славеше над Академија Пандев со 2-0 во воведниот натпревар од 13.коло. „Црвено-црните“ прикажаа одлична игра и заслужено стигнаа до триумф на арената „Тодор Проески“. Академија Пандев својата шанса ја пропушти по еден час игра кога Ѓорѓи Стоилов не успеа да реализира пенал. Во финишот гостите играа со играч помалку поради исклучувањето на Димовски.
Метај Цветаноски во 53.минута го доведе Вардар во водство. Само седум минути подоцна, Петровиќ стартуваше над Миловановиќ и беше досуден пенал за Академија Пандев. Сепак, Филип Илиќ со бравурозна интервенција го спаси голот и го одбрани шутот на Стоилов.
Јован Попзлатанов во 69.минута излезе сам пред Алчевски, но голманот на гостите во копродукција со Димов спаси вторпат да се тресе неговата мрежа, но беше немоќен во 84.минута кога Филип Петковски со удар со глава зголеми на 2-0.
Вардар по 13 одиграни кола има 19 бода и се наоѓа на шестата позиција, Академија Пандев со 10 останува на десеттото место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
