Српскиот првак Црвена Звезда сака да го задржи тренерот и му понуди нов, подобрен договор на Дејан Станковиќ. Според „Спортски журнал“, со овој нов договор Станковиќ би се согласил да остане на „Маракана“ уште три години.
„За Дејан Станковиќ е подготвен нов договор од раководството на Црвена Звезда, на определено време до 2024 година. И, се разбира, со подобри финансиски услови од порано. Постојат индиции дека одговорот ќе биде позитивен и дека српскиот шампион ќе реши важно прашање “, наведува српскиот медиум.
Актуелниот договор на Дејан Станковиќ истекува во јуни 2022 година, но клубот верува дека најдоа тренер на долг рок и му нудат многу попрофитабилен договор. Наместо претходните 480.000 евра годишно, Станковиќ ќе заработи 600.000 по сезона.
За услугите на Дејан Станковиќ сериозен интерес покажа италијанскиот калчолигаш Сампдорија, па затоа веднаш реагираше и раководството на Црвена Звезда.
Станковиќ ја освои титулата со „црвено-белите“, а е на прагот да ги сруши сите можни рекорди и да стигне до двојната круна, ако Црвена Звезда го победи Партизан во финалето на Купот на Србија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













