
Фудбалерите на Тотенхем синоќа беа елиминирани од Мидлсборо во ФА купот на Англија, што практично ги остави без последната шанса за трофеј оваа сезона. Капитенот Хари Кејн сигурно ќе заврши уште една сезона без трофеј во лондонскиот клуб, 15-та по ред. Оваа информација ги загрижува сите во клубот со оглед дека тој се сложи да остане, но само доколку Тотенхем биде конкурентен.
Кејн долги години е еден од најдобрите голгетери во Премиер – лигата, но не може ниту да ја „помириса“ борбата за шампионската титула. Летово имаше големи шанси да заигра за Манчестер Сити, но трансферот не се реализира.
Англискиот напаѓач е се уште млад, но веќе влегува во години кога покрај настапот би морал да се грижи и за освојување трофеи, а тоа во клубот од Лондон не може да го исполни.
Неговиот договор истекува за две години, а претстојното лето е вистинска можност за негов трансфер. Се погласно се говори дека за него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барселона ќе го суспендира Тер Штеген?
