Connect with us

Тричко стрела на Кипар, гол и за Адеми

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжува со одлични игри на Кипар. Тој постигна гол за АЕЛ Лимасол и на гостувањето кај Неа Саламис во триумфот од 1-3.

Тричковски ја затресе мрежата во 53. минута за водство на својот тим од 0-1. За него тоа е четврти погодок на последните три натпревари.

Гол постигна и Аријан Адеми за Динамо Загреб, во триумфот од 2-0 против Осијек. Капитенот на „модрите“ ја затресе мрежата во 69. минута, само 15. минути откако доби шанса од клупата за резерви.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови