Connect with us

Трета понуда од Баерн за Хари Кејн – 100 милиони евра, нов клупски рекорд

Баерн Минхен не се откажува од доведување на Хари Кејн. Откако лондонскиот клуб одби околу 93 милиони евра колку што изнесуваше втората понуда, Баерн подготви и трета. Тоа е рекордно високо ниво за германски клуб и изнесува 100 милиони евра.


Најскапото купување на Баерн Минхен на сите времиња е Лукас Хернандез, донесен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра. Тие се подготвени да издвојат многу повеќе за играчот кој неодамна го прослави својот 30. роденден и е под договор само уште една сезона. Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем би можел да ја прифати понудата.

Кејн постигна рекордни 280 гола на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари. Се очекува Баерн Минхен, доколку се договори за трансферот со Тотенхем, на Кејн да му понуди четиригодишен договор.

И покрај одличната голгетерска кариера, Хари Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови