Connect with us

Нова повреда во Баерн Минхен пред реваншот со Реал Мадрид во ЛШ

Рафаел Гереиро заработи повреда на дуелот на Баерн Минхен во Бундес-лигата против Штутгарт. Левиот бек на Баварците најверојатно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид следната недела, иако сѐ уште нема официјални информации за неговата состојба.

Португалскиот интернационалец беше принуден да го напушти теренот во 17. минута од натпреварот со Штутгарт, во поразот од 3-1.


Тренерот на Баерн, Томас Тухел, направи шест замени во својот стартен состав во однос на првиот натпревар против Реал Мадрид одигран пред три дена. Во стартните единаесетмина за гигантите се најдоа Алфонсо Дејвис, Александар Павловиќ, Серж Гнабри, Ерик Максим Чупо-Мотинг, Рафаел Гереиро и Матис Тел.

Џамал ​​Мусијала не беше во составот, додека Леон Горецка, Томас Милер, Конрад Лајмер, Носаир Мазрауи и Лирој Сане се појавија на теренот како замени.

Баерн Минхен в среда му гостува на Реал Мадрид по ремито 2-2 на „Алијанц Арена“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови