Connect with us

Барселона нема да биде најдобар клуб од Каталонија, првпат по Втората светска војна?

Барселона е најдобриот клуб во Каталонија, тоа им е јасно на сите, но оваа сезона можеби нема да биде, верувале или не.

За првпат од сезоната 1941/42, има сериозни шанси Барселона да заврши пониско на табелата од кој било друг каталонски клуб. Секако дека за тоа е заслужна Џирона, која е хит на сезоната во Ла Лига.

Моментно Џирона е пред Барселона, имаат бод повеќе по победата на „Монтилви“ со 4-2 по големиот пресврт и имаат огромни шанси да завршат како второпласирана екипа во Ла Лига.

Лигата на шампионите е обезбедена, што е фантастичен успех за овој клуб.

Последен пат каталонски клуб беше пред Барселона во гореспоменатата сезона 1941/42, а тоа беше Еспањол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови