Connect with us

Модриќ и Начо се израмнија со Марсело и Бензема по бројот на трофеи со Реал Мадрид

Лука Модриќ и Начо Фернандез се изедначија со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид со клупските легенди Карим Бензема и Марсело.

Даниел Карвахал веќе има 24 пехари со тимот на „кралевите“, а тој, Модриќ и Начо имаат шанса да додадат уште еден вреден трофеј пред крајот на сезоната. Во среда на „Сантијаго Бернабеу“ претстои полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, а „кралскиот клуб“ ремизираше 2-2 на првиот меч во Германија.

Тренерот Карло Анчелоти објави дека тимската прослава на шампионската титула во Ла Лига ќе се случи после реваншот против Баерн Минхен во ЛШ, иако огромен број фанови синоќа излегоа и славеа низ улиците на Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови