Connect with us

Нов шок за Баерн: Тухел не сака да остане следната сезона

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, ја отфрли можноста да остане на чело на тимот и следната сезона. Баварците постигнаа договор со стратегот за разделба по завршувањето на сезоната.
Сепак, раководството на германскиот гигант никако не можеше да најде нов ментор откако беше одбиен од Чаби Алонсо, Џулијан Нагелсман и од Ралф Рангник.


Во последните денови се појавија информации дека челниците може да му понудат на Тухел да го исполни договорот и да остане за следната сезона.

„Откако се договоривме да се разделиме, Баерн интензивно бара нов тренер. Претпоставувам дека веројатно и пред нашиот разговор“, прокоментира Тухел.

„Лоша мотивација е тогаш да се каже: ајде повторно со тебе. Од моја гледна точка, тоа е јасно“, истакна германскиот стратег за „Скај Германија“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови