Connect with us

Трамп откри: Оригиналниот трофеј од Светското клупско првенство е кај мене во канцеларија

Неколку дена по финалето на Светското клупско првенство, сè уште не стивнуваат коментарите за однесувањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој одби да се повлече од победничкиот подиум откако заедно со Џани Инфантино му го додели трофејот на капитенот на Челси.

Шоуто на Трамп продолжува. Тој откри дека им дал само копија од трофејот на фудбалерите на Челси, а оригиналот останал во Белата куќа. Според него, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му го донел оригиналниот трофеј пред финалето, но подоцна одлучил да го остави кај него.

„Ги прашав кога ќе си го земат трофејот и ми рекоа дека тоа нема да се случи. Може засекогаш да остане во мојата канцеларија, а тие прават нов. Уште е тука кај мене“, откри Трамп.

Инаку, светскиот клупски шампион никогаш не го добива оригиналниот трофеј во трајна сопственост, бидејќи тој се пренесува од еден победник на следниот. Вредноста му е околу 250.000 долари. Наместо тоа, клубот добива реплика, која останува во трајна сопственост.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови