Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е пред заминување од Мајорка. Тренерот на шпанскиот прволигаш, Луис Гарсија, јавно му порача дека тој е последната опција за нападот на Мајорка и доколку сака да има поголема минутажа тогаш треба да си побара нова фудбалска средина.
„Трајковски е моја последна опција во нападот. Мислам дека треба да си најде друга средина каде ќе биде среќен и ќе може да игра многу повеќе“, изјави Луис Гарсија.
Мајорка славеше на гости против Алавес со 0-1, а Александар Трајковски и во вториот меч воопшто не беше во составот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski