Connect with us

Тотенхем во јануари го купува Џулијан Брандт

Англискиот премиерлигаш Тотенхем размислува за зимска офанзива околу ангажманот на плејмејкерот на Борусија Дортмунд, Џулијан Брандт, пишува „Фичајес“.

Новиот менаџер Томас Франк имаше импресивен старт со четири победи, две ремија и само еден пораз во првите седум меча. Лондончани моментно се трети во Премиерлигата и веќе бележат успеси и во Лигата на шампионите, што дополнително ја зголемува амбицијата во тимот.

Брандт, кој пристигна во Борусија Дортмунд во 2019 година, може да се пофали со 47 погодоци и 66 асистенции на 271 натпревар во сите натпреварувања. Оваа сезона германскиот репрезентативец веќе има пет настапи, но неговиот договор истекува за помалку од една година.

Токму затоа Тотенхем гледа шанса да го доведе по поволна цена во јануари. Интерес за 29-годишниот офанзивец имаат и Њукасл и Астон Вила, а доколку не замине зимава, Брандт ќе може да потпише преддоговор со странски клуб летото 2026.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови