Тотенхем го комплетираше еден од најинтересните зимски трансфери со ангажманот на талентираниот напаѓач Матис Тел. Клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор на лето за 55 милиони евра.
Позајмицата што ја плаќаат на Баерн Минхен изнесува 5 милиони евра, со што вкупниот потенцијален трансфер би достигнал 60 милиони евра. Доколку се реализира, ова ќе биде најголемата продажба во историјата на Баерн, а досега рекордот го држи продажбата на Матијс Де Лихт во Манчестер Јунајтед за 45 милиони евра. Тоа би бил и трет најскап трансфер во историјата на Тотенхем, по Доминик Соланке (64,3 милиони) и Тангуј Ндомбеле (62 милиони).
Тел оваа сезона имаше ограничена минутажа под водство на Винсан Компани, одигрувајќи помалку од 500 минути. Францускиот напаѓач заминува од „Алијанц Арена“ со 83 настапи, 16 голови и седум асистенции, откако претходно пристигна од Рен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













