Освојувачот на трофејот во Лига Европа, Тотенхем, постигна целосен договор со Томас Франк за преземање на менаџерската позиција во клубот. 51-годишниот Данец во изминатите седум сезони беше тренер на друг лондонски клуб, Брентфорд, и добро ја познава Премиер – лигата.
Тој ќе го замени Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен и покрај тоа што го донесе првиот трофеј за Тотенхем од 2008 година. Тотенхем, сепак, заврши на разочарувачкото 17. место во Премиер лигата минатата сезона, што го натера претседателот на клубот, Даниел Леви, да го отпушти Постекоглу.
Франк има уште две години од договорот со Брентфорд, но според британските медиуми, тој ќе биде ослободен по активација на откупна клаузула вредна околу 10 милиони фунти.
Неговиот помошник, Џастин Кохран, веројатно ќе му се придружи во Тотенхем. 43-годишниот Кохран е поранешен кадар на клубот и токму таму ја започнал својата тренерска кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













