Тотенхем некогаш играше финале во Лигата на шампионите, а оваа сезона се најде во полуфиналето од Лигата на Европа.
Сепак, „петлите“ ја играат една од најлошите сезони во Премиер – лигата. Последен пат беа надвор од првите 10 на крајот на сезоната во 2008 година, кога завршија на 11. место. Во 2016/17 беа вицешампиони.
Анге Постекоглу практично е веќе поранешен, Тотенхем наскоро ќе му врачи отказ. Меѓу многуте имиња, како потенцијален наследник се споменува Нико Ковач, актуелниот тренер на Борусија Дортмунд.
Ковач досега седеше 16 пати на клупата на „милионерите“ и има ефект од осум победи, три нерешени средби и пет порази.
Нико Ковач претходно работеше и во Баерн Минхен и во Волфсбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













