Connect with us

Тошевски и Серафимов стрелаа за Дендер и за Левски

Давид Тошевски и Никола Серафимов беа стрелци за своите екипи во Белгија и во Бугарија. Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Тошевски, одигра одличен натпревар за Дендер, кој конечно ја забележа првата победа во белгиската елита и славеше со 1-2 на гостувањето кај Антверпен.

Дендер се израдува на првиот триумф, кој беше најавен токму од нашиот Тошевски. Македонецот стрелаше за 0-1 во 51-та минута и го отвори резултатот, а домаќините израмнија со голот на Кујате во 76-та минута.

Конечните 1-2 беа дело на Рагнар Оратманген, кој погоди на две минути до крајот на мечот.

Македонскиот дефанзивец, репрезентативецот Никола Серафимов, беше стрелец во победата на Левски од 1-5 над Монтана на гостински терен.

Ова беше втор погодок на Серафимов за бугарскиот тим за кој потпиша изминатово лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови