Томас Милер, легендарниот фудбалер на Баерн Минхен и германската репрезентација, и официјално стана нов член на канадскиот МЛС тим – Ванкувер Вајткапс.
Искусниот 35-годишен играч потпиша договор како слободен агент, кој ќе важи до крајот на актуелната сезона, со опција истиот да се продолжи за уште една година. Ова е првпат Милер да заигра за клуб надвор од Баерн Минхен, каде ја помина целата своја професионална кариера. Во новиот тим ќе настапува со дресот со број 13.
A legend arrives. The Raumdeuter is here.
— Vancouver Whitecaps FC (@WhitecapsFC) August 6, 2025
Willkommen, Thomas Müller! 🌊 #VWFC | 📰: https://t.co/GHWwPJ6pgo pic.twitter.com/yaGLsxWIFg
Пред потпишувањето, Ванкувер ги обезбеди т.н. „discovery rights“ за Милер од тимот на Синсинати, за сума од околу 300.000 долари (која може да порасне до 400.000), што им овозможи ексклузивни преговори со германецот. Милер се очекува да пристигне во Канада в среда, додека неговото официјално претставување и првиот тренинг се закажани за четврток.
„Со нетрпение го очекувам почетокот на новата авантура во Ванкувер. Доаѓам со желба да помогнам тимот да се бори за трофејот. Многу сум слушал за убавините на градот, но мојата главна цел е да победувам. Разговарав со Аксел Шустер и тренерот Серенсен, и чувствувам дека ова е вистинското место за мене“, изјави Милер.
Тој заминува од Баерн Минхен по импресивна 17-годишна кариера, во која одигра рекордни 756 натпревари, постигна 250 голови и забележа 238 асистенции. Со клубот освои 33 трофеи, меѓу кои и 13 титули во Бундеслигата, две Лиги на шампиони, како и бројни национални и интернационални купови.
Во репрезентативниот дрес на Германија запиша 131 настап, 45 голови и 41 асистенција, а беше еден од најзаслужните за освојувањето на светската титула во 2014 година. На Мундијалот во 2010 година ја доби „Златната копачка“ и признанието за најдобар млад играч, а четири години подоцна ја освои „Сребрената копачка“ и „Сребрената топка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













