
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, во пресрет на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Хрватска изјави дека максимално ги почитува светските вицешампиони.
Аденор Леонардо, попознат како Тите, го презеде Бразил во јуни 2016 година, откако Дунга беше отпуштен поради лошите резултати на Копа Америка. Пред тоа ги водеше Коринтијанс, Палмеирас, Гремио, Атлетико Минеиро и голем број други клубови.
Откако Бразил под негово водство беше елиминиран во четвртфиналето на последното Светско првенство во Русија од Белгија (1:2), Тите беше изложен на критики. Тој тогаш се правдаше дека имал само две години за да го состави тимот. Но, сега нема простор за изговори. Бразилската јавност сака шеста титула.
Ден пред натпреварот изјави дека ги почитува актуелните светски вицешампиони.
„Имаме многу талент, добра екипа сме, упорни сме, а за да постигнеме успех сакам моите играчи да го повторат тоа што го направија досега. Кој е подобар ќе оди понатаму. Мора да истакнам дека имаме максимална почит кон Хрватска, тие се светски вицешампиони“, изјави Тите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
