 
																												
														
														
													Тиквеш сака по секоја цена да остане прволигаш, а Воска Спорт не бира средства и пари за да стигне до елитата. Се споменуваа и „суми“ низ кулоарите, но ждребот беше немилосрден, ги спои тимовите кои безусловно сакаат спортски успех, а победник ќе биде само еден.
Жестоката „предигра“ почна со определувањето на градот домаќин на денешниот бараж за пополнување на Првата лига, првично беше одреден Прилеп, потоа одлуката на ФФМ беше пренасочена кон Скопје и Националната арена, а откако следеше жесток одговор од Тиквеш – на крајот сепак е договорено Струмица да биде местото за мегдан.

Десетина автобуси со навивачи се најавени од Кавадарци, сигурно дека е и Воска ќе има голема поддршка во обидот експресно од третолигаш, за само една сезона, да стигне до елитата, но на крајот и покрај се ќе мора да реши фудбалскиот терен и избраниците на Влатко Костов и на Раде Цицмиловиќ.
„Опцијата е само една, Тиквеш оди на победа и мора да ја оствари“, најави шефот на стручниот штаб на Тиквеш, Влатко Костов.
Но, и стратегот на Воска, Раде Цицмиловиќ, кој во минатото беше на кормилото на Тиквеш, очекува победа за својот тим.
„Дојдовме во Струмица по историја за овој клуб. Атмосферата во тимот е одлична и подготвени сме за предизвикот. Може да има само еден победник на овој бараж“, изјави Цицмиловиќ.
Бараж натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица е закажан за 17 часот.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														