Владата на Велика Британија го санкционираше рускиот олигарх Роман Абрамович, замрзнувајќи го неговиот имот, вклучително и на англискиот фудбалски клуб Челси. Забранети се секакви трансакции, трансфери или продолжување договори. Исто така, забранета е и продажба на билети за „Стемфорд бриџ“, освен тековните важечки сезонски претплатни билети.
Во денешното соопштение, владата нагласи дека на Абрамович му се „замрзнати средствата, забрана за трансакции со поединци и бизниси во Велика Британија, забрана за патување“.
Роман Абрамович најави дека ќе го продаде Челси и формално го отстапи на Фондацијата на клубот да го раководи во овој период, но, сепак, владата на Велика Британија го „замрзна“ имотот на фудбалскиот клуб.
Абрамович и сојузникот на Путин, Игор Сечин, се меѓу седумте олигарси и политичари кои ќе бидат додадени на листата на санкции на Лондон.
Се проценува дека санкциите се во вредност од близу 20 милијарди долари (15 милијарди фунти). На списокот со санкции се додаваат уште седум олигарси и политичари:
Роман Абрамович, сопственик на Челси и има удел во челичниот гигант Евраз и Норилск Никел
Олег Дерипаска, кој има удели во En+ Group
Игор Сечин, извршен директор на Роснефт
Андреј Костин, претседател на VTB банка
Алексеј Милер, извршен директор на енергетската компанија Гаспром
Николај Токарев, претседател на руската државна компанија за гасоводи Трансњефт
Дмитриј Лебедев, претседател на одборот на директори на Банката Русија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













