Шпанските медиуми јавуваат дека вечерва со нож бил избоден Мунир Насрауи (32), таткото на Ламин Јамал (17), младата ѕвезда на Барселона и актуелниот освојувач на Европското првенство со Шпанија.
Насрауи бил нападнат на паркинг во шпанското гратче Матаро, блиску до Барселона.
Веднаш бил пренесен во болница. Полицијата го презеде случајот и успеала да најде неколку сведоци на инцидентот. Се претпоставува дека Насрауи учествувал во улична тепачка.
Таткото на Јамал, Мунир, е од Мароко, а неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја.
Ламин Јамал, играјќи за Шпанија, носи копачки со знамиња од африканските држави и истакнува дека е горд на своето потекло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













