Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје го одработи последниот тренинг пред утрешниот контролен натпревар со соодветната селекција на Косово.
Селекцијата предводена од селекторот Горан Станиќ утре го игра првиот од двата контролни натпревари со Косово на стадионот „Фадиљ Вокри” во Приштина, со почеток во 19 часот.
Напаѓачот на Вардар и член на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Михаил Талевски во пресрет на дуелот со Косово даде свое видување и коментар.
„Имаме одлични подготовки, максимално го користиме ова кратко време што го имаме до почетокот на квалификацискиот циклус во септември. Во склоп на овие јунски подготовки не очекуваат два контролни натпревари против Косово, репрезентација која е квалитетна. Сакаме да извојуваме победа на двете средби, тоа е нашата цел. Се надевам дека ќе го покажеме целиот наш потенцијал и квалитет.
Неспорно е дека оваа група на фудбалери има квалитет, но тоа што најмногу ја краси оваа генерација е компактноста, желбата за докажување и победничкиот менталитет.
Имаме тешка група во квалификациите која е составена од силни репрезентации како Италија, Шведска, Полска, но тоа не треба да претставува пречка, напротив треба да биде мотив плус за нас за да го дадеме максимумот на секоја средба, да не потцениме ниту еден противник и да одиграме добри квалификации“, изјави Михаил Талевски.
Вториот контролен натпрева помеѓу Македонија и Косово се игра на 31. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, со почеток во 15 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













