
Судиската организација на ФФМ даде одговор на дописот на Шкендија, во кој тетовскиот тим се жалеше на делењето на правдата на судијата Игор Стојчевски и неговите асистенти. Сепак, потврдено е дека направен е превид за повторувањето на пеналот во 65.минута, што во прв обид го одбрани голманот на Шкендија.
Во одговорот на Судиската организација на ФФМ се вели:
По добиениот писмен допис од Ваша страна, но и пред да го добиеме истиот ние како судиска организација и како комисија за делегирање на судии, а во координација со официјалните лица на натпреварите направивме анализа на одиграните натпревари, а посебен фокус е ставен кон дуелот Вардар – Шкендија (1:2).
Ние како надлежни тела на ФФМ, како судиска организација сме, исто така, сериозно загрижени за Ваквиот однос од Ваша страна. Фудбалот е спорт во кој треба стручните лица да ги решаваат спорните моменти, а не тоа да се прави со тенденциозни и намерни критики без притоа да се остави на надлежните органи да се справат со анализа на натпреварите.
Со овој допис, а по консултација со официјалните лица на споменатиот натпревар се донесени следните заклучоци:
1. Направен е ПРЕВИД во 65. минута на првиот помошник во моментот на повторувањето на ударот од белата точка за домашната екипа. Помошниот судија е оценет со слаба оценка 7.9 за судијата Слаѓан Марковски.
2. Нема офсајд за домашниот фудбалер кој со удар со глава ја погоди пречката при резултат 0:0.
3. Не постојат услови за казнен удар за гостинската екипа во 91. минута. Како прво дуелот на двата фудбалери е надвор од казнетиот простор, а како второ домашниот играч чисто ја отстранува опасноста.
4. Сите доделени картони на двете страни се ИСПРАВНИ.
Воедно, ве информираме дека претседателот на комисијата за делегирање, Јосип Бартон јавно Ве прашува дали и за кои натпревари во минатото, Вие како клуб сте имале вакви или слични реакции до тогашните лица кои биле задолжени за работата на судиите. Вие како клуб во кој на јавни функции имате лица кои биле дел од поранешното раководство на ФФМ треба да знаете дека помина времето на „телефонско делегирање“ на арбитрите и „делегирање по нарачки“.
За ова ќе се уверите и самите низ натпреварите кои ќе се одиграат во иднина, а самото воведување на ВАР – системот е доказ дека ова раководство на ФФМ и овој состав на судиската организација е за фер и коректно судење. Тоа е доказ за регуларност во лигата и заштита на клубовите кои за жал не постоеше во годините наназад и за тоа добро знаат и сигурно се добро информирани лицата кои се вработени во ФК Шкендија, а кои биле во блиска соработка со поранешното раководство на ФФМ и поранешниот комесар за делегирање на судии. За среќа на фудбалот таквите повеќе нема да имаат пристап до органите и телата на ФФМ.
Судиската комисија во рамки на ФФМ е изненадена од ваквиот пристап и реакција на ФК Шкендија од причина што односот на судиите и официјалните лица кон сите клубови од МФЛ е еднаков и професионален и не се сведува на навиките и постапките од претходниот период.
Со почит,
Судиска организација на ФФМ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер остана без првиот голман Јан Зомер

Млади репрезентации
Селекцијата на Капинковски славеше на вториот тест против БиХ

Евро-фудбал
Интер налето ќе се раздели со тројца ветерани

Евро-фудбал
Слот: Не сум среќен од ремито со Астон Вила

Евро-фудбал
Реал Мадрид ја дозна казната за Џуд Белингам

Евро-фудбал
Беше икона на Наполи, а сега одгледува кокошки
