Поминаа 9 кола од Првата фудбалска лига, а имаше најмалку 99 жалби, поплаки и соопштенија од клубовите дека судиите се виновни што го загубиле натпреварот. Дали квалитетот на судењето во Македонија е најслаб во историјата на лигата? Ова го искажа гласно како став тренерот на Вардар, Александар Васоски, по дебаклот што неговиот тим го доживеа против Шкендија во Скопје.
Работнички прими „нерегуларен“ гол во Кратово во последните мигови од мечот и го загуби натпреварот со 4-3. Обвини и дека домаќинот скандалозно го прекинал напојувањето со електрична енергија во сегментот на стадионот каде што се поставени ТВ камерите и скандалозниот гол не одеше во директен интернет пренос на платформата на ФФМ.
На судењето се жалеа претходно и Борец, Пелистер, Беласица, речиси сите клубови од Првата лига.
Денеска претставниците на клубовите ќе имаат средба со првиот човек на Судиската организација, Емил Божиновски, како и со комесарот за натпреварување, Игор Франговски. Одборот на прволигаши, кој сега функционира под капата на ФФМ, сака да добие јасни и прецизни одговори, дали судиите и нивниот очаен квалитет директно го уништуваат македонскиот фудбал…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













