Струга Трим Лум е патник во Европа, откако со триумфот (0-1) против Силекс во Кратово го обезбеди третото место на табелата во Првата фудбалска лига. И покрај тоа што стружани играа со играч помалку од 28.минута, поради исклучувањето на Марјан Алтипармаковски, сепак, славеа триумф со автоголот на Благојевиќ во 67.минута.
Македонија ЃП го победи Вардар со 0-2, со головите на Филип Петров во 49.минута и на Боби Божиновски во 87.минута. Сепак, „лавовите“ останаа на четвртата позиција без европски настап за следната сезона.
Академија Пандев оствари победа (3-1) над Борец и обезбеди опстанок без да игра бараж. Коста Манев донесе предност во 13.минута, а Даниел Миловановиќ зголеми на 2-0 во 25.минута. Лука Трајкоски постигна гол за Борец во 42.минута, но „пандевци“ обезбедија триумф со вториот гол на Даниел Миловановиќ во 49.минута.
Ренова и Работнички одиграа 1-1. Шефит Шефити донесе предност за Ренова, а израмни Фахрудин Ѓурѓевиќ со погодокот во 59.минута.
Пелистер ја совлада Беласица со 2-0, со головите на Христијан Драгарски во 20.минута и на Омар Гоудијаби во 76.минута од дуелот.

Шкендија и Шкупи по голем скандал, откако навивачите влетаа на трибините и навиваа, без никакво почитување на забраната за присуство на публика, а мечот беше во прекин, продолжија да играат со резултат 1-1. Бесарт Ибраими донесе водство за Шкендија во 41.минута, а израмни Али Адем во 58.минута.
ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 3-1
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1-1
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1-1
ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 2-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













