Connect with us

Струга ТЛ се засили и со Бојан Илиевски

Дефанзивецот Бојан Илиевски е нов фудбалер на Струга Трим Лум. Тој доаѓа во редовите на шампионот со едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година.

Тој во последните две сезони го носеше дресот на Македонија ЃП, претходно беше член на Работнички, а кариерата ја почна во матичниот Пелистер.

Илиевски треба да ја засили одбраната на Струга Трим Лум, со оглед дека се работи за веќе искусен фудбалер кој во Првата лига има вкупно 129 натпревари, пет гола и 11 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови