Лидерот Струга Трим Лум е на чекор до освојување на есенската титула. Денеска тимот на Срѓан Захариевски е домаќин на Академија Пандев и со триумф ќе го завери првото место пред зимската пауза.
„Ова е многу важен натпревар за нас. Со победа ќе бидеме есенски шампиони. Имаме квалитетен противник пред нас и нивната лоша форма не треба да не залажува. Работевме напорно и се подготвивме за овој натпревар затоа што сакаметрите бода да останат во Струга“, изјави дефанзивецот Ард Касами.
Шкупи во Кичево ќе биде домаќин на Брегалница и ќе бара еден вид одмазда за поразот на првиот дуел во Штип. Сепак, гостите немаат намера лесно да се предадат.
„Свесни сме дека ќе биде тежок натпревар против можеби најдобрата екипа во првенството. Јасно е дека Шкупи силно посакува победа и ќе се обиде да дојде до трите бода. Но, ние имаме доволно силен мотив за надигрување со противникот, и знаеме дека само со максимален ангажман можеме до позитивен резултат. Верувам дека ќе биде неизвесен но спортски дуел во кој ќе победи подобриот“, вели офанзивецот на Брегалница, Дарко Додев.
Македонија ЃП ќе ја пречека Шкендија во уште еден интересен дуел од ова 17.коло. Тиквеш во Кавадарци ќе се сретне со Силекс, а Победа сака да стави крај на лошата низа со позитивен резултат против Скопје.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (ДЕНЕСКА, 13 ЧАСОТ)
СТРУГА ТЛ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
ПОБЕДА – СКОПЈЕ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













